Насловна / Вести / Во БиХ почна изградба на нов затвор

Во БиХ почна изградба на нов затвор

pocela-izgradnja-drzavnog-zatvora_1407758586_0
На локалитет во општината Источна Илиџа денес почнаа работите на изградба на нов затвор, пренесува сараевско „Ослобоѓење“. Во него до 2016 година би требало да бидат сместени 300 осудени лица и 50 во притвор.
По тој повод претставници на Министерството за правда на БиХ и од општината го посетија локалитетот, на кој уште во 2006 година беше поставен камел темелник.
-На почетокот на работите се чекаше толку години поради сложената проектна документација, и изградбата на патна инфраструктура, рече при посетата заменикот министер за правда Срѓан Радуљ.
Површината на затворот ќе биде 24.000 квадратни метри, а секоја келија во која ќе биде сместен по еден човек ќе има површина од 12 квадратни метри. Во затворот ќе работат повеќе од 100 луѓе од различни профили. Инвестицијата ќе чини 26,5 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top