Финскиот главен град планира од 2025 година да ја трансформира мрежата за градски превоз во иновативен систем, кој на граѓаните ќе им овозможи низа флексибилни решенија и ќе ги направи автомобилите речиси непотребни во градот.
Проектот претставен од официјалните лица од градот, е можност за инспирација за други големи градови кои се соочуваат со сè поголеми сообраќајни проблеми.
Според планот, предвидено е обединување на сите јавни превозни средства (автобуси, велосипеди, такси, траект…).
Корисниците на услугите ќе може да изберат дестинација, да дознаат на кој начин може најлесно да стигнат до неа и да платат за возењето, и сето тоа со помош на смартфон.
Принципот е едноставен – потребно е само да се внесе адресата на поаѓање и крајната дестинација, и да се избере превозно средство. Апликацијата функционира како планер за патување и универзална платежна платформа што ги поврзува сите опции за превоз.