Насловна / Архитектура / Галерија во форма на стрелка

Галерија во форма на стрелка

1
Пред неколку години, клиент на Peter Hogg+Toby Reed Architects, пензионирајќи се, се преселува на село близу Hanging Rock во Австралија. Задачата што ја добија проектантите е изградба на мала галерија во задниот двор каде сопственикот ќе може да ги изложи сликите на својата покојна сопруга, а притоа галеријата ќе користи и како студио. Од сигурносни причини а и за да се искористи максимално просторот, клиентот бара минимална употреба на прозорци кои треба да бидат скриени за да не се скршат. Ова барање станува генератор на обликот што ги крие прозорците зад екранизираните површини на секој крај.

2 3

Материјализацијата на ѕидовите е шпер-плоча, кои ја зајакнуваат структурата. Врз нив се поставени галванизирани површини дијагонално формирајќи втора кожа, што помага да се изолира и штити дрвото од временските услови. Покривот е рамен и комплетно изолиран кров (со инкорпорирање на рамен кров, изолација и таван).

4 5 6
Просторот помеѓу галеријата и куќата станува вистинско место за забава, додека на другата страна на галеријата се формира дворна скара за печење. Во текот на ноќта, галерискиот простор изгледа како голем фенер, осветлувајќи ја грмушестата градина.

7 8 9

Испрати коментар

Scroll To Top