Насловна / Екологија / Бугарија потпиша спогодба за нов нуклеарен реактор

Бугарија потпиша спогодба за нов нуклеарен реактор

Westinghouse_Sign_New_York
Бугарија и компанијата „Westinghouse electric“ потпишаа акционерска спогодба со која се отвора патот за изградба на нов нуклеарен реактор во оваа земја. Бугарија е една од петте членки на ЕУ кои се целосно зависни од нуклеарно гориво од Русија. Американската компанијата „Westinghouse electric“ е најголемиот светски производител на атомско гориво и  ќе има удел од 30% во нуклеарната централа „Козлодуј“, каде ќе се гради новиот реактор. Но иако спогодбата е веќе потпишана, ќе стапи на сила само доколку биде потврдена од наредната влада. Во моментот, по оставката на Владата сите надлежности се пренесени на т.н. привремен кабинет. Предвремените избори ќе бидат одржани во октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top