Насловна / Вести / Oд Белград до Златибор за час и половина

Oд Белград до Златибор за час и половина

koridor-111
Рокот за завршување на делниците на Коридорот 11, Oбреновац – Уб и Лаjковац – Љиг,  е 30 април 2017 година, изјави денес српскиот премиер Александар Вучиќ и додаде дека очекува да нема никакво доцнење и дека од Белград до Златибор ќе може да се стигне за час и половина. Премиерот Вучиќ, заедно со кинескиот амбасадор Ли Мaнчaнг, денес беше на градилиштата на овие делници. Тој би сакал, доколку може, работите да бидат завршени до крајот на 2016 година. Дотолку повеќе што се издадени сите градежни дозволи, а за експропријација остануваат само пет проценти од земјиштето.

Договорот за изградба на двете делници од Коридорот 11, во вкупна должина од 50,2 километри е склучен во мај минатата година, а работите почнаа во декември истата година. Изведувач е кинеската компанија Шандонг хај-спид.

Делницата на автопатот на Коридорот 11, од Обреновац до Уб е долга 26,2 километри, а од Лајковац до Љиг 24 километри. На првата делница ќе бидат изградени 14 мостови и една клучка кај Уб, додека на другата ќе има 16 мостови, клучка и еден тунел долг 990 метри.

Учеството на српски претпријатија во реализацијата на овие работи се очекува да биде најмалку 40 проценти. Вредноста на инвестицијата изнесува 333,7 милиони долари

Испрати коментар

Scroll To Top