Насловна / Архитектура / Пловечка снегулка – хотел со величенствени погледи кон Аурора Бореалис

Пловечка снегулка – хотел со величенствени погледи кон Аурора Бореалис

floatinghotel

Ако некогаш сте посакале да се најдете на место со величенствени погледи кон Аурора Бореалис, тогаш изградбата на овој т.н. Хотел Krystall е вистинското место кое ќе го овозможи тоа уживање. Предвидени се луксузни сместувачки капацитети во форма на пловечка снегулка, лоцирана во рамките на артичкиот круг. Хотелот ќе има седиште во фјордовите во близина на норвешкиот град Тромсо, кој се смета за едно од најдобрите места од каде може да се набљудува поларната светлина. А  структурата на стаклениот покрив, ќе обезбеди уште повеличенствен видик.

floatinghotel2

Невообичаениот облик на хотелот го развива холандската компанија Dutch Docklands, која е специјализирана за пловечки структури, со тенденција на природно вколопување на нивниот дизајн во зимскиот амбиент. Хотелот ќе биде изграден на бетонска база и врзан за фјордовите, но сè уште ќе има слобода да се придвижи 2-3 метри од двете страни на центарот.

Хотелот Krystall ќе биде прв од ваков вид во Европа, со капацитет од 86 соби, со спа и велнес центар. Изведбата на хотелот треба да отпочне следната година, а се предвидува да биде отворен за посетители до 2017 година. Брендиран како „развој без последици“, затоа што ќе има минимално влијание на околината и ќе може без проблем да се отстрани во иднина.

floatinghotel3

Испрати коментар

Scroll To Top