Уметничката Tisha Cherry креира симпатични портрети на познати личности направени од сето она што се наоѓа на чинијата. Иконите на поп културата, навикнати сме веќе да ги гледаме во различни форми на уметноста.
Почнувајќи од Енди Ворхол, кој на крајот и самиот станува еден од нив, преку различни уметници на денешнината кои се инспирираат од поп културата во своите создавања.
И кога мислите дека веќе сте виделе сè, тогаш се појавува нешто ново. Американката Tisha Cherry својата инспирација со познатите имиња од светот на музиката, уметноста, филмот и шоу-бизнисот одлучила да ја претвори во уметност создадена од храна и пијалаци.
Палетата на бои е заменета со инспиративна чинија со храна и пијалаци. Така, на нејзините „платна“ можат да се видат интересни работи – од дела на Банкси, ликот на Мерилин Монро до познатите парови, како што се Бијонсе и Џеј-Зи… Кечап, лубеница, шарени бонбони, кафе и кекси, се идеалниот медиум за изразување за Tishu Cherry.