Насловна / Арт и дизајн / „Ајде да седиме и разговараме“ – дизајн на скулпторката Marie Khouri

„Ајде да седиме и разговараме“ – дизајн на скулпторката Marie Khouri

1

Родена во Египет а израсната во Либан, скулпторката Marie Khouri која моментално престојува во Ванкувер, Канада,  истражува широк спектар на културни и историски влијанија во нејзината пракса. Со детство прекинато од убиството на нејзиниот татко во Либанската граѓанска војна, Khouri се преселува во Италија и Шпанија, па во Париз каде завршува класично образование за скулптура на l’Ecole du Louvre.

2

Делата на Khouri се во тесна врска помеѓу уметноста и дизајнот, што укажува на рушење на границите меѓу овие две области. Потсетува на модернистичките тенденции олицетворени во школата Баухаус. И покрај формалистичките импулси, скулптурите што таа ги создава не се без чувство. Главно инспирирани од идеите на Хенри Мур за директно длабење, скулптуралните дизајни на Khouri се длабоки метафори на јазикот, формата и телото кои предложуваат една необјаснива двојна врска, политички и лично засегната, од живот длабоко погоден од комплексната историја на Блискиот Исток.

3

Најновите дела на авторката потекнуваат од нејзиното чувство на помирување и внимателно разгледување. „Ајде да седиме и разговараме“, претставуваат размерно големи, рачно длабени скулптури, кои всушност ја претставуваат магичната транскрипција на насловот во арапското писмо, а континуитетот овозможува седење. Како што набљудувачот се движи околу делото, се откриваат скриени места и различни перспективи на набљудување.

4

Индивидуалните букви содржат вдлабнатини и кривини, дизајнирани како удобна лулка за човековото тело, создавајќи симбиотски однос помеѓу симболичната форма и физичкото тело. Инспирацијата за комплексните линии и негативните простори се родени од два тековни интереси на уметникот: прво, сценариото на својот мајчин јазик-арапскиот, и второ, традиционалните шари изработени  во дрво во нивните домови.

6
Секоја скулптура е изработена рачно низ процес на традиционалните скулптурални техники заедно со современите иновации во материјалите и градежните стандарди. Во рамки на овие високо-софистицирани материјали, нејзините безвременски форми остануваат цврсто сместени во современиот момент. Како тече арабеската низ формите и минималистичките импулси, се расплетува како повик  за разговор и комуникација помеѓу сите култури.

5

Испрати коментар

Scroll To Top