Насловна / Вести / До 2040 година светот ќе се соочи со многу сериозна криза за вода

До 2040 година светот ќе се соочи со многу сериозна криза за вода

voda1
Светот ќе се соочи со „непремостлива“ криза за вода за помалку од три децении, тврдат научниците, доколку не се напушти конвенционалниот концепт на производство на електрична енергија, кој бара голема потрошувачка на вода. Судирот помеѓу потребите од вода за пиење и огромната потрошувачка на енергија ќе доведе до суши, доколку наскоро нешто не се преземе, се наведува во извештајот на данскиот Универзитет Aarhus, Vermont Law school и CNA corporation.

voda
За последните сто години, бројот на жители во светот се зголемил три пати, а потрошувачката на вода шест пати. Во повеќето држави производството на енергија е најголем потрошувач на вода – дури пред земјоделството, тврдат научниците. Во 2005 година, 41% од вкупната потрошувачка на вода во САД била наменета за ладење на термоцентралите. Само ветерните и соларните централи трошат малку вода, па во студијата се наведува дека „најжедните“ извори на енергија (термоцентралите на јаглен и нуклеарките) треба да се заменат со поефикасни методи, особено со обновливи извори.

„Несомнено, кризата за вода ќе нè натера да одлучиме кои ќе бидат приоритетите во однос на нејзината потрошувачка. Дали ќе ја користиме за ладење на електричните централи или за пиење? Сигурно е дека нема да биде во доволни количини и за обете намени“, вели професорот Benjamin Sovacool од Универзитетот Aarhus, за Al Jazeera.

 

Испрати коментар

Scroll To Top