Државниот секретар во Mинистерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Деjан Tрифуновиќ, изjави денес за Танјуг дека моментно на изградбата на Kоридорот 10 и 11 во просек дневно се ангажирани околу 3.500 работници.
Државниот секретар Tрифуновиќ, во рамките на контролата на градежните работи, ги обиколи градилиштата на Коридорот 10 од Димитровград до Ниш. Тој изјави дека на целиот Коридор 10 се завршени над 40 проценти од работите и дека се очекува тој да биде завршен до 2016-та, а Коридорот 11 до крајот на 2017 година.