Насловна / Вести / Споен мостот Земун-Борча, отворање кон крајот на декември

Споен мостот Земун-Борча, отворање кон крајот на декември

most-zemun-borca

Конструкцијата на мостот  преку Дунав, меѓу Земун и Борча, е споена и мостот треба да биде отворен кон крајот на декември годинава, изјави денес потпретседателката на српската влада и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.

„Работите одат според планираната динамика и српската влада очекува мостот да се отвори до крајот на декември“, им изјави министерката на новинарите при посетата на градилиштето на мостот заедно со кинескиот амбасадор во Србија.

Mинистерката изјави дека владата со изведувачот, кинеската компанија „Чаjна роуд анд бриџ корпореjшн“, веќе наредната недела ќе потпише четврт анекс, со кој се предвидува исплата на дополнителни 2,5 милиони евра за веќе завршени работи. Работите на мостот започнаа кон крајот на октомври 2011 година.

download
Новиот мост преку Дунав ќе биде долг 1.507 метри, широк 29,1 и висок 22,8 метри, со вкупно шест коловозни ленти и пешачко-велосипедски патеки од двете страни, а пристапните сообраќајници ќе бидат долги 21,6 километри. Главниот распон на мостот е долг 362 метри.

Вкупната вредност на мостот со пристапните сообраќајници е околу 260 милиони долари, а од нив 85 отсто се кредит од кинеската Eксим банка, додека останатите 15 отсто ги обезбедуваат Србија и градот Белград.

Ова ќе биде втор моста на Дунав во Белград, а со урбанистичкиот план е предвидено во иднина во главниот град да се изгради уште еден мост на Дунав, кај Винча, како и мост преку Ада Хуја.

 

Испрати коментар

Scroll To Top