Печатницата на „Вјесник“, во рамките на процесот на преструктуирање на хрватската влада ќе и продаде дел од својот комплекс на атрактивната локација на загребската „Савска улица“, за 160 милиони куни (20,9 милиони евра), објавено е на веб страницата на Загребската берза.
„Вjесник“ минатата година со доверителите склучи претстечајна спогодба со која е утврдено дека органите на јавната управа и трговските друштва со мнозинска државна сопственост од таа компанија побаруваат 124,1 милиони куни, кои во стонастотен износ ќе се намират со пренос, односно со продажба на недвижности од „Вјесник“, пишува Пословни дневник.
Во претстечајната спогодба се нагласува дека доверителите своите побарувања од 124 милиони куни ќе ги отстапат на Министерството за финансии за купување на недвижностите по цена од 160 милиони куни. Потоа ќе се направи пребивање, а износот од 36 милиони куни Министерството ќе ги исплати на „Вјесник“, за, како што се наведува, подмирување на приоритетните и други побарувања, како и за финансиско и оперативно реструктуирање на претпријатието.
Во извештајот од берзата се прецизира дека станува збор за продажба на вкупно 32.435 квадратни метра, од кои 17.249 квадрати во објекти, а остатокот е градежно земјиште.