Поминаа 100 години од раѓањето на познатиот дански дизајнер Ханс Ј. Вегнер. Со цел да го прослават овој јубилеј, студиото Carl Hansen & Son реализира ограничено издание на колекција на мебел, кој е дизајниран во соработка со познатиот моден креатор и дизајнер Пол Смит и фабриката за текстил за уредување на ентериери – Maharam. Така, некои од најпознатите Вегнерови столици се појавија во ново светло. Столиците се пресвлечени во материјали препознатливи по широките ленти коишто Пол Смит ги дизајнирал за Maharam.