Главниот проектантски предизвик на BCQ arquitectura од Барселона, е да се изгради зграда под старата постоечка градина, а да не окупира ниеден дел од овој простор. Мотото со кое проектот беше претставен на конкурсот е „Градина на светлината“. Името сумира две идеи на проектот: одржливост и подобрување на постоечката градина, а во исто време обезбедување радосни и добро осветлени простори.
Зградата е првенствено поврзана со улицата “Sant Gervasi de Cassoles”. На нерамнините помеѓу градината и улицата, природно се обезбедуваат пристапи до новите објекти. Од друга страна, зелениот кров е на исто ниво со старата градина, така што по нејзиното реновирање Вила Флорида останува доминантен фокус во комплексот.
Во внатрешноста, пејзажот сам по себе се артикулира и менува, овозможувајќи на секој корисник да го најде своето парче мир, со што станува личен и уникатен простор. Зградата на библиотеката е обликувана со „атриуми на светлина и тишина“, како и „атриуми со книги и знаење“. Првите, со стакло, светлина и вентилација во ентериерот, ја изолираат библиотеката од улица. Вторите, како цврсти призми полни со книги, се дел од потпорната конструкција на библиотеката.
Меѓу дворовите и волумените се артикулирани внатрешните читални и работни простории. Областите што треба да се мали тежнеат да обезбедат удобно чувство на нивите корисници.
Ентериерот изгледа лесно, со малку текстури: таваните, ѕидовите, подовите и мебелот се комплетно бели, додека лицето на бетонските потпорни ѕидови се скриени со плочки од глина. Овој порозен материјал, кој апсорбира звук и топлина, потсетува дека дел од зградата е вкопан во земја.
За да се поврзе библиотеката со кровната градина, се издвојуваат два волумена. Едниот е простор од библиотеката со директен пристап од салата, лоцирана на привилегирано место. Додека другиот, претставува светларник во детското катче од библиотеката.