Насловна / Вести / Пет милиони долари за заштита на сливот на реката Врбас

Пет милиони долари за заштита на сливот на реката Врбас

vrbasЗа заштита на сливот на реката Врбас ќе бидат издвоени пет милиони долари, речено е при претставувањето на нацрт проектниот документ „Интегрирање на климатските промени и намалување на ризиците од поплави во сливот на Врбас“. Министерката за просторно планирање, градежништво и екологија на Република Српска, Сребренка Голиќ, притоа истакна дека првите две компоненти од проектот се однесуваат на правните основи со кои климатските промени и ризиците од поплави би се интегрирале во земјоделството, управувањето со водите и просторното планирање.

Исто така, тоа подразбира и изградба на капацитетите на домашните институции во областа на хидро-метеоролошките следења, хидро-динамичкото моделирање и предвидување на климатските промени, како и изработка на база на податоци за анализа на хидрометеоролошките и другите различни појави и настанатите штети.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top