Насловна / Вести / Пуштен за сообраќај мостот „Гемиџии“ во Велес

Пуштен за сообраќај мостот „Гемиџии“ во Велес

most veles1

По извршената реконструкција денеска во Велес за сообраќај е пуштен мостот „Гемиџии“ на реката Вардар. Работите на мостот, за кој Владата издвои 500 илјади евра завршија речиси еден месец пред рокот.

– Првично беше најавено дека до крајот на август мостот ќе биде пуштен за сообраќај и движење, но ние го завршивме предвреме еден месец, изјави денеска за медиумите Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта.

Тој посочи дека реконструкцијата на мостот ќе продолжи и во наредните два-три месеци, но тоа нема да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

– Иако првично беше најавено целосната реконструкција на мостот „Гемиџии“ да заврши на почетокот на 2015 година, сакам да им ветам на граѓаните на Велес дека во октомври годинава мостот целосно ќе биде завршен и официјално пуштен во функција, најави директорот Георгиевски.

 

Испрати коментар

Scroll To Top