Насловна / Вести / Ќе се обновува куќата на Жеревци во Прилеп

Ќе се обновува куќата на Жеревци во Прилеп

kukjata na zerevci vo prilep
Во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура поддржан од Министерството за култура, во Прилеп ќе започне реализацијата на проектот за конзервацијата на куќата на Жеревци.

Објектот е лоциран на улицата Моша Пијаде 130,  а е изграден околу 1900-тата година и во него сеуште  живеат потомците на тогашните сопственици.

– Куќата претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На објектот сеуште е зачувана оригиналната фасада како и богатата архитектонска декорација,  карактеристична за периодот на  изградбата, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

Во текот на реализацијата на проектот за конзервација на овој објект стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе извршат и целосна замена на  подпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови.

Проектот ќе биде реализиран до крајот на годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top