Насловна / Вести / Државата ќе продава шест детски одморалишта

Државата ќе продава шест детски одморалишта

детско-одмаралиште-на-Водно-2

Шесте детски одморалишта во Свети Николе, Берово, Битола, Стар Дојран и Скопје што досега беа во државна сопственост ќе бидат понудени на продажба.
Станува збор за одморалиштата „Ѓуриште“, „Суви Лаки“, „Малешево“, „Пелистер“, „Николиќ“ и „Горно Водно“, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој истакна дека идните сопственици сепак ќе бидат обврзани, по ревитализирањето и обновувањето на објектите, да работат исклучиво во оваа сфера.
Јавната електронска аукција ќе се одржи во втората половина на август, а почетната цена на одморалиштата ќе се движи од 50 илјади до 400 илјади евра. Според проценките, локациите на одморалиштата кои подолго време се нефункционални нудат одлични услови за водење бизнис и се особено погодни за развивање планински, алтернативен, езерски или рурален туризам.

Испрати коментар

Scroll To Top