Насловна / Вести / Руски милијардер сака да гради тунел за поврзување на Крим со руското копно

Руски милијардер сака да гради тунел за поврзување на Крим со руското копно

krec moreuz
Рускиот милијардер Генадиј Тимченко, кого го сметаат за еден од најблиските луѓе на Владимир Путин, е подготвен да изгради тунел под Керченскиот мореуз кој ќе го поврзува Крим, градот Керч и континенталниот дел на Русија. Неговата изградба би чинела 40 милијарди рубљи (1,12 милијарди долари). Во интервјуто за руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, Тимченко рече дека овој проект ќе биде 13 пати поевтин од изградбата на подморскиот Евротунел кој ја поврзува Британија и Франција, како и три пати поевтин од турскиот тунел Мармарај под Босфорскиот мореуз.

kerc1
Инаку, според Тимченко, експерти сметаат дека треба да се гради мост во реонот на Тузла. И тоа е стратешки правилно, но тој ќе чини околу 300 милијарди рубљи, а се треба да се заврши до крајот на декември 2017 година. Сепак, тој смета дека ќе преовлада варијантата за изградба на тунел кој е значително поевтин.

Испрати коментар

Scroll To Top