Trump International Golf Links & Hotel Ireland е едно од најспектакуларните европски одморалишта. Сместен во близина на ирското село Doonberg, порано познато како Lodge at Doonberg, овој реномиран центар е сега шеснаесетти голф-клуб во редот на голф-имотите на Trump, а прв имот од Trump Hotel Collection во Ирска.
Софистицирано сместување, од апартмани со поглед на море до поврзани викенд куќички, со два одлични луксузни ресторани и центарот за релаксација White Horses Spa.
Како што може да се претпостави од името, главниот адут на одморалиштето е големиот терен за голф. Дизајниран од познатиот Грег Норман, обликуван е од песочни дини, содржи 14 зелени и 12 водни површини, а направен е како единствен терен со девет дупки во предниот и девет во последниот дел, со вкупна површина од 6.295 m.