Архитектите од Atelier208 изработуваат визуелизации за нивниот најнов проект Училишна кантина Pajot. Лоцирано во градот Pontault-Combault во Франција, концептот претставува тенденција за успешна симбиоза: рекреација vs. едукација или одмор vs. работа. Олеснително во процесот е уривањето на постоечката кантина, што овозможува позиционирање на нова зграда преку просторната организација на едукативните активности.
Различните начини на искористување на дневната светлина, широките јавни простори и слободната циркулација на воздухот, евоцираат забава и игрива атмосфера адаптирани на животната средина и одржливост.
Целокупната маса е чист израз на нејзината структура и функција. Изработена од челична и бетонска рамка, обвивката е наменета за меѓусебна конекција на децата, на начин кој ќе им помогне да го согледаат училиштето како место кое потикнува имагинативност, креативност и оригиналност. Покривот како оригами набори овозможува поставување на кровни прозорци кои дополнително внесуваат светлина во срцето од двете трпезариски сали, внесувајќи различни светлосни ноти во текот на денот.
Надворешната обвивка од синтетичка трева на фасадите, се протега од земјата до застаклените површини, претежно на компактен волумен, за да ослободи погледи од сите агли кон градината и игралиштето. Природното зеленило е придружено со основната боја на мебелот и украсните слики со црвена, сина и жолта низ внатрешноста.