Куќата „7“ е проект направен од страна на архитектот Мареј Кер од студиoto Denizen Works за неговите родители на островот Tiree, во Шкотска. По внимателно анализираниот контекст и оригиналната структура на куќата, Кер заклучил дека најдоброто решение е комплетна обнова на објектот од нула. Исто така, архитектот испланирал два нови додатоци, поврзувајќи ги со главната куќа како дополнителни единици.
Со мешање на традиционалните обележја и модерните „состојки“ резултатот е свеж нов дизајн. Се разбира, највозбудливиот дизајнерски елемент во оваа реализација е заоблениот покрив – нешто што не се гледа секој ден!