Општина Бутел го заврши асфалтирањето на улицата „14“ во месноста „Жегроец“ во Радишани.
Станува збор за темелна реконструкција на улицата на која живеат повеќе од 50 домаќинства, во должина од 300 и ширчина од четири метри. За асфалтирање на коловозот изведувачот ГИВ „Инженеринг“ од Скопје потроши 1.080 метри квадратни асфалт.
Вредноста на инвестицијата изнесува 1,6 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Бутел.