Општина Гази Баба во соработка со Македонски железници и МВР – СВР Скопје, извршија санација на патниот премин преку меѓународната железничка пруга во населбата Триангла, кој ги спојува улиците „Перо Наков“ и „Благоја Стефковски“.
Постојната состојба на преминот беше во многу лоша состојба и беше потенцијална опасност како за патниот, така и за железничкиот сообраќај.
Со оваа активност опфатено е санирање на железничката пруга ( прагови, шини и спојки ) и комплетна замена на асфалтниот слој . Беше интервенирано на површина од околу 250м2 при што беа вградени 37 тони асфалтна маса.
Со завршување на оваа активност се овозможува зголемен проток на возила , зголемување на брзината на движење и намалување на оштетувањата на возилата преку овој патен премин.
Работите ги изведуваше фирмата „Изолација“ од Скопје, а општината за овие активности од својот буџет издвои 260 000,00 ден.