Насловна / Арт и дизајн / „Две мали птици“ – дизајн каде секое дете создава свое царство

„Две мали птици“ – дизајн каде секое дете создава свое царство

5
Дизајнот „Две мали птици“ на Лука Јелушиќ, е затворен „театар“ за деца од предучилишна и рана училишна возраст, изработен од брезова иверица и коноп од воден хиацинт.

2 1

Тоа е соба во соба-место каде децата можат да создадат свое царство во иста просторија каде престојуваат и нивните родители. Во дизајнот се вклучени полици за оставање на играчки, клупа за седење и поинаква перспектива на собата (поради проширениот волумен, создава чувство на изолираност и „специјалност“).

baby 8 7
Истовремено, овој дизајн нуди бескрајни можности за детската имагинацијa: тој може да биде брод, куќа, куќарка на дрво, замок, итн… Водниот хиацинт е најлош воден плевел, но сепак наоѓа корисна употреба по неговото отстранување од водната средина, а во исто време нуди и можности за работа во погодени области како Кишуму – Кенија, од каде потекнува ова растение.

9 6 10 11
Дизајнерот Лука Јелушиќ е роден во Риека, 1976 година. Има дипломирано на отсекот Пејзажна архитектура при Агрономскиот факултет во Загреб. Формира свое студио Cubodelubo каде ги комбинира уметноста и занаетчиството. Произведува продукти во дрво и метал (мебел, ламби, детски играчки). Добитник е на хрватската награда ULUPUH за  најдобар млад уметник во 2010 год.

4 1

Испрати коментар

Scroll To Top