Насловна / Архитектура / Геометрија на објект изведен од геометријата на природната топографија на планината

Геометрија на објект изведен од геометријата на природната топографија на планината

2 3
Објектот се наоѓа во градскиот парк во предниот дел на административниот комплекс од Националниот парк – Крконоше Планина во Чешка. Архитектите од студиото на Петр Хајек, геометријата на објектот ја изведуваат од геометријата на планината Крконоше.

4 9

Секој раб или падина на објектот може да се најде во реалната, природна топографија на планината. Помеѓу металните вектори кои ги претставуваат планинските сртови, постои растечка линија. Новиот објект се издвојува од постоечките за да создаде влезна платформа.

5
Атмосферата на овој јавен простор е обликуван со целосно застаклен страничен ѕид кој обезбедува интеракции со случувањата внатре во објектот, како што се тековните предавања или семинари. Самиот објект е енергетски ефикасен и треба да ги претставува идеите на Националниот парк и зачувување на природата.

6 7 8
Главната конструкција и подземните ѕидови се направени од бетон. Ентериерот и мебелот се направени од шпер-плочи. Дизајнот на мебел и другите основни делови се направени со димензии прилагодени на големината на шпер-плочите, со што се минимализирани и остатоците.

 

Испрати коментар

Scroll To Top