Насловна / Вести / Нови цени за имотни листови

Нови цени за имотни листови

novi ceni imoten list_1

Според новиот Тарифник за катастарските услуги, се предвидува наместо 175, имотниот лист во хартиена форма да чини 180 денари, додека во електронска форма, за имотен лист ќе треба да се платат 150 денари, што претставува намалување за 25 денари од сегашната цена.
За имотниот лист за инфраструктуни објекти во хартиена форма ќе се плаќа 226 денари, а за електронска верзија 194 денари.novi ceni imoten list_2
За 10 проценти помалку ќе чини геодескиот елаборат за легализација на дивоградба со површина од 50 до 100 квадратни метри, односно сегашната цена од 4.100 денари се намалува на 3.688 денари. За дивоградбите, пак, со површина од 100 до 300 квадратни метри има намалување на цената за 8 проценти и наместо 7.940 ќе се плаќа 7.333 денари.
Увидот во податоците од геодетско-катастарскиот систем од 18 август ќе поевтини за 16,1 отсто, а 10,1 отсто помалку ќе чинат геодетските елаборати од приватните геодетски фирми.
Најдоцна до 18 овој месец, ќе почне примената на измените на Законот за катастар на недвижности, со кои Катастарот ќе изготвува бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за лицата корисници на социјална и постојана парична помош и за лица со ниски примања до 168.000 денари на годишно ниво.

Испрати коментар

Scroll To Top