Насловна / Ентериери / Нов сјај на олимпискиот Aquatic Center во Лондон

Нов сјај на олимпискиот Aquatic Center во Лондон

DuPontCorian_AquaticsCentre-13-960x430

Од Олимписките игри во Лондон поминаа само две години, а веќе дојде време ентериерот на еден од објектите, дело на Захa Хадид, да почувствува нова дизајнерска свежина.

DuPontCorian_AquaticsCentre-16-600x400
Во сеопфатната адаптација на ентериерот на Aquatic Center во Лондон се започна првенствено заради тоа што објектот доби нова цел. Отстранета е сета опрема потребна за Олимпијадата, вклучувајќи ги привремените трибини и реквизити, и сега овој центар е наменет за секојдневна рекреација на жителите на главниот град на Велика Британија.

DuPontCorian_AquaticsCentre-12-600x400
Во реновирањето на ентериерот учествувала компанијата DuPont, која со својот материјал Corian го извеле поголемиот дел од новиот мебел.
Corian е масивен, непорозен, хомоген површински материјал кој се состои од две третини од природни минерали, една третина акрилна смола и нетоксични пигменти и затоа е идеален за работни плочки во кујни и бањи.

DuPontCorian_AquaticsCentre-11-600x400
Влезната врата е направена во Deep Nocturne боја која е постигната благодарение на иновативна технологија DeepColour.
Импресивниот објект на Заха Хадид има три базени поплочени со 180.000 плочки кои заедно примаат 10 милиони литри вода. Спектакуларниот брановиден покрив со должина од 160 и ширина од 80 метри и направен од 50% рециклиран алуминиум, се потпира на само три бетонски столбови.DuPontCorian_AquaticsCentre-8-600x400 DuPontCorian_AquaticsCentre-7-600x400

Испрати коментар

Scroll To Top