Поморие подготвува сличен проект со оној на Дубаи, откако ќе изгради вештачки острови со атракции во морето.
Бизнисмени од Катар, Абу Даби, Кина и Јужна Кореја дури веќе го разгледувале регионот и разговарале за можностите за таа изградба.
Архитектот од Поморие Камен Шипков со години ја развивал идејата за изградба на вештачки острови во близина на градот и предвидена е изградба на комплекс од три острови во морето поврзани со копното преку 260-метарски мост, пишува „Економик”.
Два од нив ќе бидат мали со водни атракции. Едниот ќе има аквапарк, делфинариум, базени и евентуално аквариум, а вториот ќе биде со казино, кое ќе биде искушение за богатите туристи.
Третиот и најголем остров ќе нуди хотелско сместување со луксузни 5 до 7-ѕвезди хотели со спа комплекси. Се работи за инвестиција вредна околу 20 милиони евра. „Ова е сосема прифатлива цена. Зашто, ако се изградат околу 1.000 станови, нивната продажба ќе обезбеди враќање на вложувањата”, смета Шипков.