Белградското дизајнерско студио Dsignedby создале производ кој со својот дизајн го плени вниманието на набљудувачите.
Архитектите Ирина и Ива Килибарда го дизајнирале лустерот Obranch, кој е еден вид симбиоза помеѓу стилскиот и модерниот дизајн. Светлечкото тело на овој необичен лустер се OLED панели, кои можат да ја менуваат својата положба. Лустерот Obranch се вклопува совршено во домашните ентериери но и во угостителските или деловни простории. Производот се произведува во Германија.