Владината зграда на „Илинденска“ ќе се заштити со ограда. Најверојатно, таа ќе биде од ковано железо, но, без скулптури и други антички мотиви иако објектот се гради во духот на „Скопје 2014“. Проектот за оградата за милионското барокно здание нема да чини скапо ниту пак таа ќе биде висока, барем така велат надлежните. Проценето е дека проектирањето ќе чини само 10.000 евра. Колку ќе се плати за изведбата, допрва ќе се знае, по изборот на градежната фирма што ќе биде ангажирана да ја постави оградата. Во случајов, владината зграда за прв пат ќе биде оградена. Таа откако е изградена, никогаш немала ограда ниту пак некоја заштита.