Сларните панели главно се поставуваат на јужната страна на светот. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека поставувањето на панелите на југ не гарантира најголемо искористување на енергијата. Напротив, укажувањата се во насока на фактот што западната ориентација обезбедува најголемо производство. Ralph Gottshalg, професор на Универзитетот Loughborough во Велика Британија, и еден од најголемите стручњаци во оваа област, исто така го брани ова тврдење. И во студијата спроведена во Тексас во ноември минатата година, докажано е дека соларните панели поставени на западна страна произведуваат повеќе енергија во текот на денот од оние поставени на југ.