Префрабикувана куќа од 240 тони со брод е префрлена на местото на поставување.
Холандските архитекти Tim Piet и Jos Blom испроектирале куќа која е направена во фабрика, и која по пат на нарачка се испорачува на домашна адреса.
Куќата тешка 240 тони е направена од бетон и челична обвивка која е заварена, и која ја претвора во компактна целина. Со проектот е предвидено куќата да биде изведена со прецизни градежни методи за да се направи челична обвивка која е водоотпорна. Долниот кат на куќата треба да биде целосно вкопан, а во него треба да се најдат три соби.
Куќата е подигната на брод со помош на два најголеми крана во Холандија, а потоа транспортирана до бреговите на езерото Pikmeer, каде што е и поставена.
Во приземјето се дневна соба, трпезарија и кујна. На катот се спални соби со бања, додека во подрумот се сместени гостинските соби.
Процесот на транспортирање траел два дена.