По брендовите „Хилфигер“ и „Армани“, кои во светот на недвижностите и дизајнирскиот ентериер во Мајами најавија луксузно влегување, сега на голема врата стигнува и италијанската куќа „Фенди“.
Луѓето од „Фенди“ договориле соработка со архитектонското студио Château Group за изградба на луксузни резиденции на 12 ката со поглед на океанот. Зградата е инспирирана од морето и морските бранови, и неговите каскадни стаклени тераси се изведени во брановидна форма. Отворањето на Fendi Château Residences е закажано за 2016 година, а ќе има 58 луксузни апартмани од коишто ќе се шири непречен поглед на океанот.
За внатрешниот дизајн ќе биде одговорна модната куќа „Фенди“, која треба да донесе нова свежина на класичниот италијански луксуз во американската средина.