Насловна / Вести / Реконструкција на автопатот од Велес до Kатланово

Реконструкција на автопатот од Велес до Kатланово

rekonstrukcija na kumanovo katlanovo_2

Почнаа реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес-Kатланово од автопатот Александар Македонски, во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. На почнувањето на работите премиерот Никола Груевски истакна дека оваа делница е една од најупотребуваните и најфреквентните во земјава и претставува исполнување на ветувањата дадени на изборите.
– Долгогодишното користење и големиот број поправки во минатото имаат оставено многу лузни на патот и севкупно лоша слика за земјата. Реконструкцијата на овој патен правец беше повеќегодишно барање на нашите граѓани. Ние ветивме дека ќе го направивме патот и си останавме доследни на ветувањето – рече премиерот Груевски.

rekonstrukcija na kumanovo katlanovo_1
Тој посочи дека активностите треба да завршат за една година, а самиот зафат ќе овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на оштетувањата на возилата, намалување на времето на патување, а тоа ќе претставува и плус за Kоридорот 10, кој поминува низ нашата земја.
Вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека земјата е во екот на инвестициски циклус, кој надминува една милијарда евра, од кои 790 милиони евра се за завршување на трите автопати Демир Kапија-Смоквица, Миладиновци-Штип и Kичево-Охрид. Преостанатиот дел се регионални и локални патишта, кои ќе бидат поддржани со средства од Светска банка и ЕБРД, рече Ставрески.

Испрати коментар

Scroll To Top