Насловна / Вести / Дубаи – одржлив град

Дубаи – одржлив град

eco- sustain-img12
Според планот на архитектонското биро “Baharash Architecture”, проектот „Дубаи – одржлив град“ ќе се простира на површина од околу 46 хектари. На површина од околу 5,5 хектари ќе бидат поставени фотоволтаични панели кои би требало да задоволат 50% од вкупните потреби за електрична енергија. структурата на еколошкиот град ќе ја сочинуваат 550 вили, органски фарми, планетариум, еколошко одморалиште, центар за рециклирање на отпадот. Една од целите е воведување на алтернативни видови на транспорт за да се намали емисијата на јаглерод диоксид.

20131010_104652
Изградбата ќе се одвива во четири фази. Во првата фаза ќе бидат изградени вилите и населбите со индивидуални куќи. Секоја вила со помош на инсталирани соларни панели ќе произведува 60% од соспствената потрошувачка на електрична енергија. Покрај тоа, секој објект ќе има и паметен водоводен систем со што ќе се намали потрошувачката на вода за 30%. Отпадните води ќе се прочистуваат и ќе се користат за наводнување на органските фарми. Оваа фаза треба да биде завршена до крајот на 2014-та. Изградбата на целиот град се планира до крајот на 2016 година.

Еден коментар

  1. Sto se pravi pametniot svet . A nie… spomenici i dekadenten “barok”. Energetska efikasnost , sto bese toa !!

Испрати коментар

Scroll To Top