Nersi Nasseri е дизајнер кој го креираше скулптуралното парче мебел Орбита, со мултифункционална намена, како клупа, полица или конзола за дизајнерско-производствената компанија од Њујорк, Sentient Furniture.
Орбита е современ, скулптурален дизајн кој ги комбинира силните праволиниски линии на надворешниот волумен со изразит овален мултифункционален внатрешен простор. Таа може да послужи како клупа за три лица, ТВ конзола или можеби стилски уредена полица за разни видови на предмети.
Првата колекција „Орбита“ е изработена од јавор – амброзија (обезбојување на делови од дрвото по природен пат преку бубачки), доловувајќи карактеристичен сивкаст тон. Но, и со кој било друг применет дрвен материјал, таа би изгледала фасцинантно. Во внатрешноста е обложена со колоритнен слој кој уште повеќе го истакнува орбиталниот отвор и дава живост на овој извонреден дизајн.