Насловна / Вести / Во Гевгелијa на продажба државно земјиште за изградба на казино и хотел

Во Гевгелијa на продажба државно земјиште за изградба на казино и хотел

gevgelija panorama
Општина Гевгелија денеска објави оглас за продажба на државни градежни парцели за изградба на голем хотелски комплекс во близина на граничниот премин Богородица, за станбена зграда во центарот на градот, како и за индивидуални куќи и стоваришта.

За изградба на хотелски комплекс понудена е парцела од 16.064 метри квадратни со изведбена површина од 9.329 квадрати. Електронската аукција ќе се одржи на 26-ти август со почетна цена од 223 денари за квадратен метар.

Градежната парцела за станбената зграда се наоѓа во центарот на Гевгелија,на површина од 683 метри квадратни.Почетната цена на квадратен метар изнесува 2.570 денари,а електронската аукција ќе се одржи исто така на 26-ти август. Индивидуални куќи, пак, ќе се градат на четири парцели во поранешна „Касарна“ кои зафаќаат површина од 351 до 354 квадратни метри. Електронската аукција за нив ќе се одржи на 15-ти август со почетна цена од 1.003 денари за квадратен метар. Стоваришта ќе се градат на трите понудени парцели во близина на Негорци. Површината на парцелите се движи од 11.000 до 21.000 квадратни метри. Почетната продажна цена за нив изнесува 61 денар за квадратен метар, на електронската продажба закажана за 26-ти август.

 

Испрати коментар

Scroll To Top