Проектот за пренос на вода од Турција до Кипар по цевковод под Средоземното Море ќе биде завршен во септември, соопшти турската владејачка Партија на правдата и развојот, пишува „Хуриет дејли њуз“.
Планот наречен „проект на векот“ предвидува да го снабдува Северен Кипар со вода од вештачкото езерто Алакопру во Анамур во турскиот округ Мерсин.
Ихсан Шенер, одговорен претставник на партијата за врски со јавноста, изрази очекување цевководот да биде изграден и да започне да функционира уште во септември.
Се очекува преку реализација на проектот да биде обезбедена потребата од вода за пиење на кипарските Турци во наредните 50 години.
Годишно преку цевководот ќе поминуваат 75 милиони кубни метри вода од Турција за Северен Кипар.