Насловна / Екологија / Трговски центар со паркови и водопади на покривот

Трговски центар со паркови и водопади на покривот

DSC04318

Се работи за комплексот Namba во Осака, кој е изграден на место на кое некогаш се наоѓал стадион за бејзбол. Она што го карактеризира комплексот е паркот на покривот на осум нивоа, кој опфаќа неколку градски блокови. Поранешниот стадион за бејзбол, односно сегашниот комплекс Namba, се наоѓа веднаш покрај железничката станица, во непосредна близина на аеродромот Kansai.

DSC_3960

Со оглед на фактот што објектот е првото што ќе го видат туристите кога ќе излезат од воз или авион, сопственикот на парцелата сакал да ја прикаже Осака во најдобро издание, и затоа ја создал оваа зелена оаза. Оваа зграда е доказ дека трговските центри можат да бидат мошне инспиративно проектирани и изградени, и значително да придонесат во подобрување на квалитетот на воздухот.

nk5rcg5

 

Испрати коментар

Scroll To Top