Насловна / Вести / Пробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип

Пробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип

Avtopat Miladinovci STip- grujo revizija
Четириесет и три проценти од автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата пред пет месеци. Градежните работи, според премиерот Никола Груевски, се одвиваат добро, а најголем дел засега ги изведуваат домашни компании. Очекувањата се реализацијата на инвестицијата од 208 милиони евра во изградбата на 47 километри автопат да обезбеди голем број домашни вработувања.

– Ангажирани се околу 250 работници, на терен се 136 градежни машини. До крајот на август бројот на градежната механизација ќе се дуплира, што значи дека значително ќе се зголеми бројот на вработени. Бројката на ангажирани работници не е конечна. Се очекува нејзино драстично зголемување во наредните неколку месеци.

9661DE43559B7BA22B0B4974884CCD15
Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека подизведувачот на градежните работи „Бетон“ треба да изгради делница од 17 километри по што главниот изведувач од Кина „Снохидро“ ќе има 10 километри. Останатите 20 километри на трасата од Свети Николе – до Штип ќе ги изведе домашната компанија „Гранит“, исто така како подизведувач.

– Од вкупно 47 километри веќе се пробиени 43 проценти што е над 20 километри земјани работи. Потоа следува проширување на идниот автопат што треба да биде со широчина од 28 метри. На оваа траса има шест клучки, почнуваат кај Миладиновци, која се спојува кај рафинеријата на автопатот „Миладиновци“ и преку Свети Николе со две клучки стигнува пред влезот во Штип, рече Георгиевски, посочувајќи дека има доста надпатници и подпатници за брза комуникација со населените места.

Испрати коментар

Scroll To Top