Насловна / Архитектура / Архитектонски икони: Куќата на Диего Ривера и Фрида Кало

Архитектонски икони: Куќата на Диего Ривера и Фрида Кало

Куќата-студио на Диего Ривера и Фрида Кало е една од најпознатите културни обележја на Мексико Сити, како резиденција и студио на двајцата значајни уметници од 20 век, но и како прв објект – предвесник на модерното движење на Американскиот континент.

Kahlo-Rivera1_resize

Ова дело предизвикува бурни реакции во јавноста во 1930 година, поради мешањето на органската мексиканска архитектура и муралното сликарство со функционализмот. Таа ги скрши сите естетски парадигми на архитектурата во Мексико, под влијание на мноштвото теории и мисли што се појавија од авангардните архитекти на европскиот континент, како што беше Ле Корибизје.

dsc05951_resize philippou.2011.03.17_resize Frida-Kahlo-House_resize
Размислите за рационално искористување на материјалите, анализи за функционалноста на идеален простор и адекватно приспособување на активностите во рамки на просторот се радикалните идеи кои беа асимилирани во архитектонската светска заедница. Овие две куќи се направени со минимални трошоци и напор.

b43122c7e89d6cf4bd87cd084d2f0dc1_resize dsc00170_resize

Мексиканскиот сликар и архитект Хуан О’ Горман, пријател на Диего Ривера е проектант на овој проект. Историјата на куќата-студио отпочнува кога Хуан купува две парцели една до друга, по цена од една и му предлага на Диего да направи две куќи за него и неговата жена, поврзани со мост. Ривера ја користи поголемата црвена половина како своја куќа, додека Кало ја користи сината. Слободни за непречена работа во различни делови а поврзани со мост. Градината е одвоена со ограда од кактуси. Во оваа куќа Диего и Фрида живеат заедно од 1934 до 1940 година, кога се разведуваат.

5416749149_4ef8b7f1ff_z_resize Museo_Frida_Kahlo_Museum_Blue_House_Casa_Azul_Pyramid_resize

vindicate2_127821a_resize

Ривера живее во куќата до крајот на својот живот, 24 ноември 1957 година, кога двете поврзани куќи се предадени на неговата ќерка, која ги донира на Националниот институт за убави уметности. Сега, куќата функционира како музеј каде можат да се видат ателјеата на двајцата уметници, како нем сведок за  нивниот темперамент, борби, патила и болки.

IMG_2907_resize Museum-Frida-Diego-01_resize

Испрати коментар

Scroll To Top