Архитектонското студио Wallflower Architecture+Design ја дизајнирале вилата Far Sight во Сингапур. Вилата е изградена на повисок дел од земјиште, а задниот дел од имотот има прекрасен поглед на зелената околина и на овој богат кварт на Сингапур. Клиентот побарал од архитектите дом на два ката, и што е најважно, со тераса која е лоцирана во задниот дел, односно од која може да се ужива во прекрасниот поглед. Вилата е дизајнирана на еден интересен начин, односно со групирање на две форми.
Фасадата на овој луксузен дом има повеќе слоеви. На неколку места се поставени стаклени врати и масовни прозорци, кои им овозможуваат на сопствениците на овој дом да уживаат во големата количина на природна светлина. Приватноста е постигната така што се поставени хоризонтални алуминиумски паравани и вертикални ролетни. Внимателното планирање и дизајнирање на овој дом резултирало со дневна светлина во текот на денот која се „движи“ низ целиот дом, заедно со прималивото ветре што претставува здив на свежина.
Распоредот на просториите на првиот кат е многу едноставен: тој се состои од дневна соба, трпезарија, кујна, соби за гости и мал базен за деца. На вториот кат има семејна соба, покрај три спални соби. Главната спална соба има работен дел, кој е поврзан со таванот што е претворен во социјален простор и покривна тераса.
Терасата и гореспоменатиот таван се клучни елементи на оваа вила, трансформирани во совршени простори за забави. Исполнети со природна светлина и аура на свежина, сопствениците можат да уживаат во нив секој ден.