Проектот панорамски градина на Стопанска комора на Словенија во Љубљана претставува прва структурна интервенција на објектот, кој претходно беше реализиран од страна на истите архитекти. Автори се SVA, Јуриј Садар, Боштјан Вуга, Тина Хочевар, Јања Бродар и Александар Лалиќ. Градината е создадена на врвот на зградата, кој претходно претставуваше голема тераса. Новиот објект на површината на 194,6 м2 претставува застаклување на постоечката тераса, и проширување на истата со веќе постоечка просторија за ВИП гости.
Во оваа стаклена зимска градина, поставена е т.н. зелена „лента“ во која се сместени корита и кошници со бујна тропска вегетација. Панорамската градина претставува најатрактивен ентериер во зградата на Комората и воопшто еден нов социјален концепт за деловните и административни објекти во Љубљана. Исто така, самата градина е наменета и за церемонијални настани, доделување на разни награди, промоции и други средби за поголем број на луѓе.
Поставеноста на раздвижената зелена лента овозможува поделба на просторот во повеќе микро амбиенти. Растенијата и зеленилото во внатрешноста, играта на светло и сенки кои ги создаваат надворешните ламели и прекрасниот поглед на околината од врвот на зградата, претставуваат вистинска комбинација за релаксирана деловна атмосфера.