Привршува акцијата на општина Центар, „Цел Центар на Точак“.
Се работи за успешна акција, оцени градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Средствата, рече тој, издвоени за оваа година, во висина од 2.500.000 денари се исцрпени за само 36 работни дена и 780 жители на Центар поднесоа барање за субвенции за купување на нов велосипед. Акцијата ќе заврши со 850 субвенционирани велосипеди во Центар.
„Оваа акција ќе ја продолжиме и наредната година со одвојување повеќе средства од буџетот на општината, со новите 850 велосипеди, 300 ново посадени дрвја, повеќе од 8000 м2 зелени површини, јасно покажуваме дека сакаме чиста и зелена општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски.
Општината и овој пат подготви мали пригодни подароци за оние центарци, кои се пријавија во акцијата „Цел Центар на Точак“.