Геодетите кои се стекнале со лиценци меѓу 2005 и 2008 година, а имаат работно искуство над десет години нема да мораат да ги обновуваат лиценците за работа во периодот 2015-2018 година ниту пак да го дозаокружат своето образование. Тие до пензионирање ќе можат да работат со веќе добиените лиценци.
Ова го предвидува амандманот на измените и online pokies дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што денеска беше прифатен на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во членот 65 од измените и дополнувањата, кој предвидува геодетите да ги продолжат лиценците во периодот од 2015 до 2018 година, се додава став 3 со кој практично се предвидува изземање на 91 геодет од над 200 во државата.