Познатиот португалски архитект Алваро Сиза, го изработи реновирањето за Boa Nоva Tea House на португалскиот брег, проект кој оригинално е завршен во 1963 година. Структурата што беше целосно реновирана, сега служи како ресторан со сите свои оригинални карактеристики.
Пристапот кон објектот е преку неколку платформи и скали, кои ги водат гостите кон затскриен horoscope aquarius man thinks that any man can possess a woman, but love is something more! horoscope aquarius man loves all people and everybody is his friend. влез под низок дрвен покрив, нудејќи ексклузивни погледи кон околниот пејзаж. Собата за чај има големи прозорци на бетонскиот парапет, додека целосно застаклената ресторанска трпезарија е во симбиоза со надворешното плато. Во двете соби, рамките на прозорците по систем на лизгање се сокриваат под подот, оставајќи долга проекција на стреата во континуитет со таванот и отворени погледи кон океанот.
Заедничко за раните дела на Сиза, е разновидниот спектар на материјали кои ги употребува во шема. Дизајнот вклучува бели малтерисани изѕидани ѕидови, изложени бетонски столбови и обилно користење на црвено африканско дрво за обложување на ѕидовите, таваните и рамките. Исто така, дизајниран од Сиза, репродуциран е по специфичните барања на неговите оригинални планови.