Насловна / Екологија / Нов еколошки материјал во градежништвото

Нов еколошки материјал во градежништвото

coe-banner
Интензивниот раст во градежништвото прави сè поголеми проблеми за набавка на основните градежни материјали. Една иновација што дава решение за овој проблем е хемкритот, мешавина од варовник, песок и коноп. Откриен е во Франција уште во шестиот век. Во Европа тој е доста користен, но во последниот период станува популарен и во Северна Америка. Според Американскиот институт за еколошки градби, градежништвото учествува со неверојатни 38% во вкупното загадување со јаглерод диоксид во САД. Една од добрите страни во користењето на хемкритот е тоа што конопот го апсорбира јаглеродниот диоксид. Ако се користи почесто, тоа може да има огромен ефект врз квалитетот на воздухот. Материјалот има поскромни механички својства од конвенционалните материјали  и мора да се користи во комбинација  со уште некој градежен материјал.

Испрати коментар

Scroll To Top