Како дел од Музејот на наука во Мајами ќе се смести и аквариум кој ќе биде исполнет со вода, но, исто така, и со животинскиот свет од океанот.
Грандиозниот проект тежок 275 милиони долари треба да заврши до почетокот на 2015 година, а кога посетителите ќе влегуваат во новиот Музеј на наука ќе бидат во можност да видат спектакуларен поглед – ајкули кои пливаат зад стакло со дебелина од 25 сантиметри.
Аквариумот, кој ќе прима 2.000 кубни метри вода од океанот, ќе биде видлив од сите пет ката на музејот. Тој ќе биде отворен на горната страна, па ќе биде во можност да ја собира дождовницата. Музејот, исто така, ќе има дигитална купола во која ќе се прикажуваат интерактивни проекции.
Музејот на наука на 23.500 квадратни метри, што го опишуваат како „жива зграда“, е проект на американското архитектонско биро Grimshaw Architects.