Од 20 јули до 1 септември 2014 ќе се реализира наградниот конкурс на тема „Еко совест на општеството“ во кој ќе можат да земат учество новинари и фоторепортери од сите медиуми (печатени и електронски),кои ќе достават оригинален објавен новинарски текст поддржан со фотографии на темата. Целта е да се посочи, потенцира и актуелизира граѓанската и институционалната несовест и невнимание кон околината.
Овој конкурс е во организација на невладината организација „4х4х4 Балкански мостови“ (дел, во рамки на проектот проширување на ENV.net во земјите на Западен Балкан и Турција, поддржан од Европската Унија ), а со огромна подршка од „Пакомак“- друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, како и „Нула отпад“- друштвото за управување со батерии и електронски отпад, а наградите за избраните најдобри фото – стории се следните:
Прво избраната фото – сторија ќе биде наградена со 25.000 денари,
Второ избраната фото – сторија ќе биде наградена со 15.000 денари,
Трето избраната фото – сторија ќе биде наградена со 10.000 денари,
За медиумот што ќе биде избран од страна на јавноста врз основа на значителен придонес во информирањето на јавноста за темите од екологијата и човековата околина, „Пакомак“ како и „Нула отпад“ ќе обезбедат сет од опрема за сепарирање на отпадот што се креира во самата редакција (садови за хартија, пластика, стакло, батериии слично).
На 19 септември 2014, денот кога ќе се прогласат победниците, планирано е да се реализира изложба на сите пријавени стории и фотографии која понатаму е планирано да посети и уште неколку други градови во земјава.
Сите заинтересирани новинари и фоторепортери кои сакаат да учествуваат на овој конкурс ќе можат да се запознаат со подеталните информации во врска со правилата и механизмот за пријавување на следниве веб страници: http://pakomak.com.mk; http://nulaotpad.com.mk; http://4x4x4bb.org